Kaamil Ahmed
06 Декември 2015•Ажурирај: 06 Декември 2015
ЈЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, денес, го нарече „скандалозен“,неодамнешниот шведски критицизам во врска со израелските безбедносни мерки против т.н палестински напаѓачи, што следи по неделата на дипломатски префрлувања помеѓу израелската држава и неколку европски држави.
Шведската министерка за надворешни работи, Маргот Волстром, во петокот го обвини Израел за изведување „вонсудско“ убивање на Палестинци обвинети за напади врз Израелци.
„Ги осудувам скандалозните забележки на шведската министерка министерка за надворшни работи“, рече Нетанјаху, пред неделниот состанок на неговиот Кабинет.
„ Изгледа таа очекува Израелците да им го понудат својот грб на сите оние кои сакаат да им заријат нож“.
Израелскиот весник Haaretz објави дека Канцеларијата на Волстром одговорила на претходниот критицизам тврдејќи дека таа била погрешно цитирана.
Секретарот за печат на Волстром, Ерик Виркенсјо, рече дека шведската министерка за надворешни работи не го користела терминот „вонсудски егзекуции“ туку генерално коментирала за она што значи непропорционална реакција на заканите.
Многумина од убиените Палестинци од страна на израелските сили за безбедност датирајќи од 1-ви октомври беа застрелани по наводно прободување со нож, или обид за прободување на Израелци.
Дваесет и двајца Израелци или странци беа убиени во тек на истиот период.
Во меѓувреме, многу групи за човекови права, вклучувајќи ја и Amnesty International, наведоа дека израелските сили вовеле политика „пукај за да убиеш“, против т.н Палестински напаѓачи, дури и во случаи кога не преставувале непосредна закана.
Недоразбирањето со Шведска доаѓа во период кога Израел прави обиди да ја исклучи Европската унија од Палестинско-израелскиот мировен процес, како резултат на одлуката на ЕУ за обележување (етикетирање) само на производите произведени во еврејските населби на Западниот брег. По таквата одлука откажани се средбите на израелски официјални лица со претставници на Белгија и Австрија.