Kaamil Ahmed
16 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Владата на Израел утрово го одобри отворањето на комплексот Ал Акса, која во последните два дена беше блокиран од страна на израелските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелскиот премиер Бенјамин Нетањаху доцна синоќа отпатува во посета на Париз, a во таа прилика рече дека наредил комплексот Ал Акса да биде отворен, но да се воведат дополнителни мерки за безбедност во форма на контрола на влезот во комплексот со користење на метални детектори.
"Ќе инсталираме и камери за да може видео надзорот да контролира се што се случува во комплексот. Решив во недела да го отвориме комплексот за посети, но со зголемени безбедносни мерки ", изјави Нетанјаху.
Израелските сили во петокот ја блокираа Ал Акса и забранија влез на муслиманите во светиот комплекс. За прв пат Палестинците клањаа молитва надвор од комплексот Ал Акса уште од 1967 година, кога Израел го окупираше Ерусалим.
Во петокот, израелските сили убија тројца Палестинци во и пред Ал-Акса, а во немирите загинаа и двајца израелски полицајци.
Портпаролот на Ал Акса, Фирас Дибс утрово соопшти дека израелските службеници во општина Ерусалим дојдоа во комплексот Ал-Акса да го исчистат пред да се отвори вратата за посетителите.
Портпаролот на израелската полиција Мики Розенфелд соопшти дека комплекс Ал Акса денеска попладне ќе биде отворен за сите посетители.