Selçuk Acar
16 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
ЊУЈОРК (АА) - Роберт Рој Фармер од Калифорнија беше осуден на казна затвор од 16 години за убиството на 21 мачка, јавува Anadolu Agency (AA).
Врховниот суд во Санта Клара го заврши судењето и изрече казна затвор од 16 години за 26-годишниот Фармер.
Судија Шарон А. Шатман рече дека Фармер и по отслужувањето на затворската казна од десет години нема да има право на сопственост и грижа на мачки.
Весникот "Меркур Нјус", пишува дека Фармер е осуден за случај кој се случил во државата Калифорнија, во септември 2015 година, кога во Паркот Камриан мистериозно исчезнуваа мачки, кои подоцна беа пронајдени мртви.
Фармер беше уапсен еден месец подоцна, додека спиел во својот автомобил, признавајќи дека со ладно оружје ги убвал мачките.