Emir es-Sa'di,Zeynep Tüfekçi
16 Јули 2017•Ажурирај: 17 Јули 2017
МОСУЛ (АА) - Во западниот дел на ирачкиот град Мосул, под сомневање дека се припадници на терористичката организација ДЕАШ, приведени се 246 лица, откако официјално беше соопштено дека овој град е целосно ослободен, јавува Anadolu Agency (AA).
Ијад Фетих ел-Асели од ирачката полиција во изјава за АА истакна дека 246 лица, за кого се сомнева дека се припадници на терористичката организација ДЕАШ, се приведени во последните пер дена во Стариот град, во заоадниот дел на Мосул, од страна на ирачките сили.
Асели пренесе дека продолжува да се чисти Стариот град. „Дел од 246 приведени лица се извлечени од тунелите во градот ископани од страна на ДЕАШ. Некои настојувале да се предадат поради глад и жед, а некои поради повреди. Меѓу нив се наоѓаат и високи припадници на организацијата. Ќе се спроведе внимателна истрага против овие лица“, додаде Асели.
Најиф ез-Зебиди од ирачката војска, пренесе дека тимовите за деактивирање бомби започнале опсежна операција во Стариот град за исчистување на неексплодираните експлозиви и проектили.
Зебиди вели дека тимовите водат тешка операција поради екслозивите се заробени под урнатите куќи. Тој додаде дека откако експлозивите ќе се исчистат, ќе се собираат труповите на загнатите, како и дека ќе се отстранат урнатините со цел семејствата да можат да се вратат во своите домови.
Во рамките на ослободувањето на Мосул од ДЕАШ, ирачката војска заедно со пешмергите и со меѓународната коалиција предводена од страна на САД, на 17 септември 2016 година ја започна операција за ослободување на источниот дел на градот. Како резултат на 100-дневните операции, на 24 јануари источниот дел на градот беше целосно ослободен, а на 19 февруари беше започната операција од три фронта за ослободување и на западниот дел на Мосул.
Премиерот на Ирак, Хајдар ал-Ибади, на 10 јули официјално соопшти дека Мосул е целосно ослободен, откако во јуни 2016 година беше заземен од страна на ДЕАШ.