Mustafa Deveci
30 Август 2020•Ажурирај: 31 Август 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Илјадници луѓе во Израел побараа оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху поради корупцијата и неговиот неуспех во борбата против епидемијата на новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
На повик на групата позната како „Движење на црни знамиња“, околу 20.000 луѓе учествуваа на демонстрациите што се одржаа во близина на резиденцијата на премиерот во Западен Ерусалим.
Полицијата, која ги блокираше патиштата што водат кон улицата каде што се одржуваат демонстрациите, презеде интензивни безбедносни мерки.

Некои од демонстрантите носеа црни и црвени знамиња и маици со натписот „Премиер на криминалот“, алудирајќи на израелскиот премиер. Исто така, демонстрантите често извикуваа „Врати се дома Нетанјаху лажливецу!“
На демонстрациите протестираше и демонстрант со маска на Нетанјаху, облечен во затворска облека и лисици на рацете.
Освен на Израел, на демонстрациите се носеше и знамето на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Демонстрациите ги подржаа околу 200 ултраправославни Евреи.
Во Израел, кој е зафатен од втор бран на епидемијата на Ковид-19, и каде невработеноста надмина 20 проценти, демонстрациите против Нетанјаху траат околу 3 месеци.
Полицијата минатата недела приведе 30 демонстранти.