Burak Bir
30 Август 2020•Ажурирај: 30 Август 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Арапските и северноафриканските земји бележат дополнителни случаи на коронавирусот, додека бројот на починати продолжува да расте, пренесува Агенција Анадолија (АА).
- Египет -
Според здравствените властина Египет, вирусот во изминатите 24 часа зел уште 14 животи.
Бројот на починати достигна 5.376, додека бројот на заразени изнесува 98.497.
Околу 71.302 пациенти се излекуваа од вирусот.
- Алжир -
Како што соопшти Министерството за здравство на Алжир, во изминатото деноноќие од Ковид-19 починале осум лица, а регистрирани се 379 нови случаи на вирусот.
Вкупниот број на починати изнесува 1.491, а бројот на досега заразени е 43.782.
Од вирусот оздравеа 30.717 пациенти.
- Јордан -
Министерството за здравство на Јордан соопшти дека нема нови смртни случаи, но има 24 новозаразени.
До денес, од Ковид-19 починале 15 лица, дијагностицирани се 1.893 заразени со вирусот, додека 1.466 пациенти се излекуваа.