свет

Израел очекува коалицијата предводена од САД да го нападне Иран доколку дојде до напад од Техеран

„Иран мора да сфати дека ако не стави крај на својата директна и индиректна агресија против Израел, ќе плати висока цена и на стратешки и на економски план.“

Ikrame Imane Kouachi  | 17.08.2024 - Обновена : 17.08.2024
Израел очекува коалицијата предводена од САД да го нападне Иран доколку дојде до напад од Техеран

АЛ-КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац, изјави дека неговата земја очекува коалицијата предводена од Соединетите Американски Држави (САД) не само да го одбие иранскиот напад, туку и да гаѓа клучни локации во Иран доколку Техеран ги спроведе заканите кон Тел Авив, јавува Анадолу.

Изјавите на Кац уследија по разговорите со францускиот министер за надворешни работи, Стефан Сежурн, и британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, се вели во соопштението објавено од Министерството за надворешни работи на Израел.

Министрите од Франција и Велика Британија дојдоа во Израел со цел да спречат регионална ескалација и да промовираат договор за заложниците, како и потенцијална размена на заробеници и прекин на огнот во Појасот Газа, се наведува.

Кац го истакна очекувањето на Израел дека Франција и Велика Британија јавно ќе го предупредат Иран да не спроведува никаква агресија врз Израел.

„Јасно ставив до знаење дека вистинскиот начин да се одврати Иран и да се спречи војна е тој што го најавив дека ако Иран нападне, ќе се застане покрај Израел не само во одбраната, туку и во нападите против цели во Иран“, рече Кац.

САД, Франција и Велика Британија беа вклучени во одбивањето на ирански ракетен и напад со дрон врз Израел во април.

„Иран мора да сфати дека ако не стави крај на својата директна и индиректна агресија против Израел, ќе плати висока цена и на стратешки и на економски план. Ова е единствениот начин да се спречи војна од целосни рамери“, нагласи Кац.

Посетата на француските и британските министри доаѓа во време на зголемени тензии во регионот, а Израел се обидува да ја зајакне меѓународната поддршка соочен со сѐ поголемите закани од Иран и либанската група Хезболах.

Тензиите дополнително се зголемија на Блискиот Исток по убиството на политичкиот лидер на Хамас, Исмаил Ханије, на 31 јули во Техеран и израелскиот атентат на високиот командант на Хезболах, Фуад Шукр, во Бејрут еден ден претходно.

Хамас и Иран го обвинија Израел за атентат врз Ханије, додека Тел Авив ниту ја потврди, ниту ја отфрли одговорноста.

Иран вети „остра казна“ за Израел како одмазда за атентатот на Ханије на иранска територија.

Либанската група Хезболах, исто така се очекува да возврати откако Израел го уби Шукр во воздушен напад врз јужно предградије на Бејрут на 30 јули.

Ескалацијата доаѓа во време на тековната израелска офанзива на Појасот Газа во која загинаа повеќе од 40.000 Палестинци од 7 октомври минатата година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın