Gülşen Topçu
06 Август 2022•Ажурирај: 08 Август 2022
Израел досега погодил 26 позиции на движењето „Исламски џихад“ во рамки на нападите што ги започна врз Појасот Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според писменото соопштение објавено на твитер-профилот на израелската Војска, погодени се нови позиции на движењето „Исламски џихад“.
Во соопштението се наведува дека меѓу погодените позиции се и местата каде што се произведуваат оружја, ракети и минофрлачки гранати.
Во веста на израелскиот јавен емитер (КАН) се вели дека од почетокот на нападите на Израел во Газа, погодени се 26 позиции на движењето „Исламски џихад“.
Исто така, во оваа вест се истакнува дека воздушно-одбранбениот систем „Железна купола“ неутрализирал 55 ракети лансирани од Газа кон израелската страна.
Израелскиот весник „Једиот ахронот“ пренесе дека за време на нападите на израелските воени авиони и беспилотни летала во Газа се искористени 16 тони муниција.
Во веста се нагласува дека во нападите, покрај воените авиони, учествувале и 50 беспилотни летала.