Mücahit Aydemir
04 Јули 2023•Ажурирај: 05 Јули 2023
ЏЕНИН (АА) - Опсадата и нападите на израелската војска врз окупираниот град Џенин на Западниот Брег продолжуваат и денес, јавува Анадолу.
Воздушните и копнените напади што израелските сили ги започнаа вчера врз бегалскиот камп Џенин влегоа во вториот ден.
Во нападите загинаа најмалку десет Палестинци, а речиси 100 се повредени, од кои 20 се во тешка состојба.
Палестинското Министерство за здравство наведе дека од израелски оган утрово загинал уште еден Палестинец во регионот Мерџ бин Амир.
Често се слушаат и експлозии.
Израелската војска соопшти дека армијата и Интерната разузнавачка агенција Шин-Бет (Шабак) ги продолжиле своите воени активности во Џенин и бегалскиот камп Џенин.
Соопштено е дека војската извршила 20 воздушни напади, од кои околу половина биле напади на отворени подрачја за да им се овозможи движење на трупите, додека останатите напади се изведени за елиминирање на заканите во околината.
Наведено е дека се пронајдени и уништени место за складирање експлозив, две простории за управување со борбени дејства и експлозив.