свет

Израел се подготвува за „комплексна операција“ за да го олесни ослободувањето на заложниците

Операцијата ќе вклучува координација помеѓу израелската војска, Шин Бет (внатрешната безбедносна служба на Израел), полицијата, Министерството за здравство, Црвениот крст и Египет.

Mohammad Sıo  | 15.01.2025 - Обновена : 15.01.2025
Израел се подготвува за „комплексна операција“ за да го олесни ослободувањето на заложниците

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (AA) – Израелските безбедносни служби се подготвуваат за „комплексна операција“ за ослободување на заложниците од Газа, додека преговорите за договор помеѓу Израел и Хамас се во завршна фаза, пренесува „Канал 12“, јавува Анадолу.

Операцијата ќе вклучува координација помеѓу израелската војска, Шин Бет (внатрешната безбедносна служба на Израел), полицијата, Министерството за здравство, Црвениот крст и Египет.

Плановите за операцијата се прават додека во Доха продолжуваат разговорите за финализирање на договорот за размена на затвореници и примирје.

Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Катар, Маџед ал-Ансари, потврди дека преговорите се во фаза на „финални детали“ и дека договорот наскоро ќе биде финализиран.

Според палестински извори, договорот е „речиси подготвен“ и може да биде потпишан пред петок.

Операцијата за ослободување ќе опфати специфични детали за бројот на затвореници, нивниот идентитет и здравствената состојба.

Еден од главните предизвици е осигурување на безбедноста на ослободените затвореници за време на нивниот транспорт во рамките на Газа.

Претходните искуства, како размената на затвореници во ноември 2023 година, покажаа дека јавните собири претставуваат ризик за безбедноста на затворениците.

Црвениот крст ќе биде одговорен за транспортот на заложниците, со појдовни точки од различни делови на Газа, додека израелските сили и Шин Бет ќе го организираат нивното пристигнување на границата.

Медицински тим ќе биде присутен за да обезбеди итна помош доколку е потребно.

Откако ќе пристигнат, затворениците ќе бидат транспортирани до болници во Израел, каде што ќе ги чекаат социјални работници и медицински персонал. Долгooчекуваните средби со нивните семејства ќе се случат дури потоа.

Израелската јавна радиодифузија „КАН“ објави дека ослободените заложници ќе бидат пренесени преку Граничниот премин Рафа во Египет, а потоа доведени во Израел.

Предложениот договор вклучува три фази, секоја со траење од 42 дена, кои опфаќаат размена на израелските заложници и палестинските затвореници, чекори за имплементација на примирје, дневна хуманитарна помош за Газа и враќање на раселените лица во нивните домови, вклучително и на северот на Газа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın