Mohammad Farid Mahmoud Abdullah,Çağrı Koşak
26 Октомври 2023•Ажурирај: 27 Октомври 2023
АЛ КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрич, објави дека Израел дневно на конфликтот во Газа троши околу 246 милиони долари, пренесува Анадолу.
За радиото на израелската војска, Смотрич изјави дека ќе има промени во годишниот буџет поради војната што трае од 7 октомври.
„Овогодишниот буџет на земјата повеќе не вреди. Тој треба да се промени според развојот на случувањата во Израел“, изјави Смотрич.
Тој рече дека сѐ уште нема проценка за недиректните трошоци за економијата, која е делумно парализирана од масовната мобилизација на воените резервисти и големиот број ракети истрелани од палестинска страна.
Годишниот буџет во Израел, кој изнесува околу 132 милијарди долари за 2023 година, се предвидува да биде околу 140 милијарди долари во 2024 година.
Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври и ја стави целата енклава под блокада, оставајќи ги нејзините 2,3 милиони жители со малку храна, вода, гориво и медицински материјали.
Во израелските воздушни напади врз Појасот Газа загинаа 6.546 Палестинци, од кои 2.704 деца, 1.584 жени и 364 постари лица.
Од друга страна, во судирот загинаа околу 1.400 Израелци.