Handan Kazancı
07 Февруари 2020•Ажурирај: 08 Февруари 2020
МОСКВА (АА) - Русија денеска го обвини Израел поради тоа што авион кој пренесува 173 патници изврши принудно слетување, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Авионот „Ербас-320“ беше на рутата од иранскиот главен град Техеран кон Дамаск, кога за малку избегнал напад од сирискиот одбранбен систем“, објави руската новинска агенција ТАСС, цитирајќи го портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.
Тој додаде дека авионот бил придружуван од друго летало и безбедно бил изнесен од опасната зона, а принудно слетал во воздухопловната база Хмејмим, во Сирија којае контролирана од Русија.
Сирискиот одбранбен систем спречувал воздушен напад од страна на Израел кој го погоди предградието на Дамаск на 6 февруари.
„Воздушните воени операции на израелскиот Генералштаб кои ги користат патничките авиони за прикривање или блокирање на возвратниот напад од страна на сириските ракетни системи, станува типична особина на израелските воздушни сили“, изјави Конашенков.