Ekipa
21 Јуни 2022•Ажурирај: 22 Јуни 2022
КУДС (АА) - Израел потврди дека планираната посета на израелскиот министер за надворешни работи, Јаир Лапид, на Туркије ќе се реализира оваа недела според планираното, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Лиор Кајат, истакна дека посетата ќе се реализира овој четврток.
Лапид за време на посетата ќе биде придружуван од генералниот директор на Министерството за надворешни работи, Алон Ушпис, според весникот „Једиот Ахронот“.
Посетата на Лапид доаѓа во време на длабока политичка криза во Израел бидејќи Кнесетот (израелскиот Парламент) се очекува да биде распуштен следната недела.
Израелскиот премиер Нафтали Бенет и Лапид вчера се согласија следната недела да поднесат предлог-закон за распуштање на Кнесетот, потег со кој Лапид ќе стане премиер според коалицискиот договор меѓу нив минатата година.