Beyza Binnur Dönmez
06 Јуни 2024•Ажурирај: 07 Јуни 2024
ЖЕНЕВА (АА) - Шпанија одлучи да се приклучи на тужбата која ја подигна Јужноафриканската Република против Израел за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, изјави денес шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Алварез, јавува Анадолу.
„Оваа одлука ја донесовме поради продолжувањето на воената операција во Газа“, рече Алварес на брифингот со новинарите.
„Ние, исто така, со огромна загриженост го следиме регионалното проширување на конфликтот“, рече Алварес.
Шефот на шпанската дипломатија истакна: „Шпанија ја донесе оваа одлука не само да овозможи враќање на мирот во Газа и на Блискиот Исток, туку и поради нејзината посветеност на меѓународното право“.