Ikrame Imane Kouachi
11 Август 2024•Ажурирај: 12 Август 2024
АНКАРА (АА) - Израелската војска денес им нареди на жителите на Кан Јунис да ја евакуираат населбата Ал Џалаа, претходно означена како „безбедна хуманитарна зона“ од страна на армијата, јавува Анадолу.
Населбата Ал Џалаа повеќе нема да биде дел од „хуманитарната зона“, се вели во соопштението на армијата.
Таа тврди дека палестинската група на отпорот Хамас „оперира“ од населбата и дека таа ќе биде „опасна борбена зона“.
Иако израелската армија претходно одреди одредени локации за „безбедни“, таа продолжи да ги напаѓа овие области, предизвикувајќи голем број жртви меѓу Палестинците.
Вчера, најмалку 100 Палестинци беа убиени, а повеќе повредени кога израелски авиони изведоа напад врз Палестинците за време на утринската молитва во училиштето Ал-Табаин во населбата Ал-Дарав, во градот Газа.
И покрај апелите во четвртокот од посредниците Египет, САД и Катар, да престанат воените дејствија, да се постигне прекин на огнот и договор за размена на заложници, Израел продолжува со својот смртоносен напад врз Газа.
Во израелските напади од октомври минатата година досега убиени се речиси 39.800 Палестинци, по прекуграничниот напад на палестинската група на отпорот Хамас.
Повеќе од 10 месеци по почетокот на израелските напади, огромни делови од Газа се во урнатини, каде е наметната и блокада на храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.