Mehmet Nuri Uçar
01 Септември 2024•Ажурирај: 02 Септември 2024
ГАЗА (АА) - Во последните 24 часа израелската армија уби уште 47 Палестинци во Појасот Газа, известува Анадолу.
Во соопштението, Министерството за здравство во Газа објави информации за израелските напади врз Појасот Газа во изминатите 331 ден.
Во три масакри на израелската армија во појасот Газа во последните 24 часа убиени се 47 Палестинци, а 94 се повредени.
Бројката на убиени Палестинци во израелските напади од 7 октомври 2023 година досега се зголеми на 40.738, а бројот на повредени изнесува 94.154.
Министерството за здравство информира дека телата на голем број луѓе се заробени под урнатините, а се наоѓаат и на патиштата, но екипите на теренот не можат да стигнат до нив.
Израел се соочува со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива со неселективно бомбардирање и гранатирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници во Газа од 7 октомври 2023 година.
По повеќе од десет месеци од почетокот на израелските напади врз палестинската енклава, населението на Појасот Газа внатрешно е раселено, предизвикувајќи акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во својата најнова одлука му нареди на Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Појасот Газа, каде што повеќе од милион раселени Палестинци побараа засолниште.
И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.