Mustafa Deveci
04 Мај 2019•Ажурирај: 04 Мај 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска започна воздушни напади со воени авиони во Појасот Газа кој е под блокада, како одговор на лансираните околу 90 ракети од Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Започнавме воен напад врз цели на Хамас и Исламски џихад во Газа“, се вели во соопштението на израелската војска.
Се додава дека нападот е извршен како одговор против лансираните околу 90 ракети од Газа кон израелската страна.
Израелската војска во соопштението нагласува дека Израел продолжува со лансирање на ракети кон местата близу Појасот Газа.
Локалните медиуми соопштија дека денеска од Газа кон Израел биле лансирани над 100 ракети, и дека поголемиот дел од овие ракети биле уништени од страна на израелскиот воздушен одбранбен систем наречен „Железна купола“.
Исто така, медиумите јавуваат дека една од ракетите лансирани од Газа паднала во една куќа во подрачјето на Ешкол на граничната линија, но дека нема повредени.
- Загина еден Палестинец -
Се зголемуваат тензиите во регионот - поради лансираните ракети израелската војска изутрина изврши воздушни напади во две различни места во северниот дел на Газа и изврши артилериски напад врз позиции на бригадата „Изедин ел-Касам“, која е воен огранок на Хамас.
Во соопштението на палестинското Министерство за здравство во Газа се наведува дека еден Палестинец загинал, а најмалку 6 лица биле повредени во нападите на израелската војска извршени изутринава.
Палестинските извори сѐ уште не дадоа изјава во врска со последните напади на Израел.