Hakan Çopur
04 Мај 2019•Ажурирај: 06 Мај 2019
ВАШИНГТОН (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) соопштија дека воведуваат нови ограничувања за иранската цивилна нуклеарна програма, со цел да го зголемат притисокот на Техеран, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Од 4 мај, секоја помош во проширувањето на нуклеарната централа во Бушер, освен нејзиниот постоечки реактор, ќе биде подложена на американски санкции“, наведе во соопштение гласноговорничката на американскиот Стејт департмент, Морган Ортагус.
„Исто така ќе се санкционира секој обид за изнесување на збогатен ураниум од Иран во замена за ураниум во природна состојба“, наведува Ортагус.
Освен тоа, таа ги повика и иранските власти да престанат со збогатувањето на ураниум.
Вашингтон, исто така порача дека повеќе нема да толерира Иран да ја складира тешката вода којашто ја произведуваат во количества над дозволената граница.
Во соопштението се наведува дека САД на уште 90 дена го продолжуваат одобрението за три проекти во рамките на иранската цивилна нуклеарна програма.