Ahmed Asmar
31 Јануари 2024•Ажурирај: 01 Февруари 2024
КУДС/ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската војска ја повлече својата Петта резервна бригада од Појасот Газа, јавија денес израелските медиуми, пренесува Анадолу.
Израелскиот јавен сервис КАН соопшти дека Петтата резервна бригада се борела во северниот дел на Појасот Газа и го зазела крајбрежното подрачје на територијата од борците на Хамас.
Телевизијата јави дека една бригада со резервисти останува на палестинска територија.
Останува нејасно колку израелски сили се распоредени во Појасот Газа.
Израелската војска повлече неколку воени бригади од Појасот Газа во последните неколку недели.
Кога избувна конфликтот во Газа на 7 октомври, израелската војска мобилизира околу 360.000 војници за својата воена офанзива во приморската енклава.
Израел започна смртоносна офанзива на Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври, во која досега загинаа најмалку 26.900 Палестинци, а повредени се 65.949. Се верува дека во нападот на Хамас се загинати речиси 1.200 Израелци.
Израелската офанзива остави 85 отсто од населението на Газа внатрешно раселено, акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови и 60 отсто од инфраструктурата на енклавата оштетена или уништена, според Обединетите нации (ОН).