Dmitri Chirciu
31 Јануари 2024•Ажурирај: 03 Февруари 2024
МОСКВА (АА) - Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека воената вежба на НАТО претставува закана за Русија, известува Анадолу.
Песков во изјавата за новинарите за актуелните теми, во руската престолнина Москва даде коментар за воената вежба „Стедфаст Дефендер 2024“ што ја изведува НАТО.
„НАТО продолжува да ја исполнува својата улога да претставува закана за нас. Ние така го гледаме тоа. Се преземаат неопходни мерки против тоа“, рече портпаролот на Кремљ.
Песков истакна дека НАТО со децении ја поместува сопствената инфраструктура кон руските граници.
Тој рече дека со НАТО раководат САД и додаде дека овој воен сојуз е „средство за конфликти“.
Минатата недела НАТО ја започна својата најголема воена вежба по Студената војна со испловувањето на американскиот воен брод што тргна во пловидба преку Атлантикот кон територијата на Алијансата во Европа.