Alperen Aktaş
15 Септември 2024•Ажурирај: 16 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Четворица Палестинци се убиени денес во израелските воздушни напади врз Појасот Газа, пренесува Анадолу.
Палестинската новинска агенција Вафа соопшти дека воени авиони го бомбардирале подрачјето околу раскрсницата Абу Сарар во бегалскиот камп Нусејрат, во централниот дел на Појасот Газа.
Во нападот убиени се тројца Палестинци, а израелски воени возила започнаа и силен оган врз кампот.
Цел на армијата беше и куќа на семејството Сувејдан во бегалскиот камп Џабалија, во северна Газа.
Во нападот беше убиен најмалку еден Палестинец, а повеќемина се повредени.
Од 7 октомври, во израелските напади врз Газа убиени се најмалку 41.182 Палестинци, од кои 16.715 деца и 11.308 жени, додека 95.280 се повредени.
Илјадници тела остануваат заробени под урнатините, додека болниците и образовните институции, каде луѓето пронајдоа засолниште, исто така се цел на нападите, кои сериозно ја оштетија цивилната инфраструктура.