Qays Abu Samra,Gülşen Topçu
17 Септември 2016•Ажурирај: 18 Септември 2016
ХЕБРОН (АА) - Припадниците на израелската војска синоќа во Хеброн, најголемиот град на Западниот брег убиле палестинското момче, јавува Anadolu Agency (AA).
Израелската војска потврди дека со огнени истрели било убиено момче во Хеброн, кое наводно претходно се обидело со нож да ја нападне израелската војска.
Во пишаното соопштение на палестинското Министерство за здравство се наведува дека момчето загинало на местото на инцидентот во хебронскиот кварт Тал Ер Румејде.
Израелската војска вчера под сличен изговор уби уште две момчиња. Првиот инцидент се случил во Источен Ерусалим кога со огнено оружје на израелската војска било убиено едно момче, Јорданец, кој наводно со нож го нападнал израелскиот полицаец. Вториот инцидент се случил на Западниот брег а еден Палестинец е убиен, бидејќи,наводно со возило се обидел да изврши напад на еврејските доселеници.
Палестинската влада го обвинува Израел за предизвикување на нови немири на Блискиот исток на начин дека убива Палестинци под неразјаснети околности и оправдувања без покритие и докази.