Yaser Albanna,Hacer Başer
06 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници убија Палестинец на подрачјето на окупираниот Западен Брег, јавува Andolu Agency (AA).
Портпаролот на израелската војска, Авичај Адре, соопшти дека израелските сили го убија Палестинецот Ахмед Џерар во близина на градот Џенин, во северниот дел на Западниот Брег.
Во соопштението се наведува дека убиениот Палестинец е наводно одговорен за убиството на еден Евреин, што се случи минатиот месец во близина на Наблус.
Израелските сили веќе неколку недели при потрагата за Џерар вршат претреси и апсења на Палестинци во Џенин. За време на претресите се срушени четири палестински куќи и убиен е еден роднина на Џерар.