Ali Kemal Akan
06 Февруари 2018•Ажурирај: 06 Февруари 2018
АНКАРА (АА) - Во терористичкиот напад врз контролниот пункт кој го поставуваат Турските вооружени сили (ТСК) во подрачјето на Идлиб, Сирија, загина еден војник, а шестмина други се ранети, јавува Anadolu Agency (AA).
Генералштабот на турската војска соопшти дека припадниците на терористичката група вчера извршиле артилериски напади врз турските вооружени сили, кои во Идлиб го поставуваат контролниот пункт во согласност со договорот за зоната без судир, постигнат во мировниот процес во Астана.
Во нападот загина еден турски војник, а ранети се петмина војници и еден цивил.
Во соопштението се наведува дека меѓу ранетите нема животно загрозени, и дека турските сили одговориле со напад врз упориште на терористите.