Ekipa
26 Август 2018•Ажурирај: 27 Август 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција приведе најмалку седум Палестинци во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Челникот на невладината организација „Здружение на палестински затвореници“, Амџад Абу Асаб, соопшти дека израелската полиција денес извршила претрес на повеќе објекти во Исавија и дека се приведени поголем број палестински граѓани.
Очевидците на инцидентот велат дека меѓу приведените е и 15-годишна Палестинка. Таа е приведена кратко откако се вратила од посета на комплексот на Ал Акса.
Директорот на Медиа центарот во Ерусалим, Мухамед ал Садек, соопшти дека израелската полиција привела и едно палестинско момче во бегалскиот камп „Шуафат“ во Ерусалим.
Израелската страна не го коментираше случајот.
Според податоците на палестинските институции во израелските затвори се наоѓаат најмалку 6.500 Палестинци, вклучувајќи 350 малолетници и поголем број жени и постари лица.