Turgut Alp Boyraz
15 Август 2017•Ажурирај: 15 Август 2017
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција го уапси лидерот на Палестинското исламско движење од 1948 година, шеик Раед Салах, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено во соопштението на израелската полиција, синоќа е извршен претрес во куќата на Салах во Ум Ал-Фахм, за кого се тврди дека дејствувал подбуцнувачки и ги поддржувал активностите на противзаконската организација.
Салах е уапсен во рамките на истрагата што координаирано ја спроведуваат израелската полиција и разузнавачката служба Шин Бет.
Во соопштението е наведено дека откако во 2015 година е забрането дејствувањето на Палестинското исламско движење, „подбуцнувачот“ (Раид Салах) во повеќе наврати им се обратил на масите, а неговите изјави ги пренесоа и израелските медиуми. Наводно е утврдено дека неговите изјави имаат елементи на кривично дело.
Но, израелската полиција не наведе за какви изјави всушност се работи.
Израел во ноември 2015 година донесе забрана за дејствување на Палестинското исламско движење и го прогласи за противзаконско.
Салах јавно се противеше на оваа одлука и во повеќе наврати истакна дека тој и понатаму продолжува да биде лидер на ова движење. Шеик Раед Салах повеќепати беше и затворан, а последен пат во затворот помина девет месеци и беше ослободен на 17 јануари оваа година.