Enes Canlı
18 Април 2022•Ажурирај: 19 Април 2022
КУДС (АА) - Израелската полиција по утринската молитва изврши рација во комплексот на џамијата Ал Акса во источниот дел на Кудс (Ерусалим), јавува Агенција Анадолија (АА).
Големиот број израелски полицајци, кои влегоа во дворот на Ал Акса, употребија сила за да ги тргнат Палестинците од ова свето место.
Полицијата, која ги разбрка Палестинците, ги затвори портите на Ал Акса за влез на Палестинците.
Потоа, екстремните еврејски доселеници во групи влегле во дворот на Ал Акса под заштита на израелската полиција.
Израелските сили ги блокираа влезовите во Стариот град, каде што се наоѓа џамијата Ал Акса.
Интензивното присуство на израелската полиција пред портите на Стариот град и споредните улици привлече големо внимание.
Тензиите на палестинските територии се во пораст откако израелските сили упаднаа во комплексот Ал Акса во петокот, при што беа повредени стотици верници.
Вчера повеќе од 700 еврејски имигранти насилно влегоа во комплексот Ал Акса под силна полициска заштита за да го прослават празникот Пасха, што започна во петокот.