Ruslan Rehimov
18 Април 2022•Ажурирај: 19 Април 2022
КИЕВ (АА) - Од почетокот на руската војна против Украина загинаа најмалку 205 малолетници, а 362 се ранети, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Канцеларијата на главниот државен обвинител на Украина.
Во соопштението се наведува дека во бомбардирањето на руската војска биле оштетени повеќе од 1.000 образовни институции, од кои 95 се целосно уништени.
Соопштено е дека од 24 февруари, кога Русија ги започна нападите, 205 деца се убиени, а 362 се повредени.