Ruslan Rehimov
18 Април 2022•Ажурирај: 19 Април 2022
КИЕВ (АА) - Украинската војска објави дека од почетокот на рускиот напад врз Украина се убиени околу 20.600 руски војници, шренесува Агенција Анадолија (АА).
Генералштабот на украинската Армија соопшти дека нивните сили уништиле 167 руски авиони, 147 хеликоптери, 155 беспилотни летала, 790 тенкови, 2.041 оклопно возило и 381 топ.
Во соопштението се додава дека се уништени 130 руски ракетни системи, 1.487 возила, 76 тенкови, 67 системи за противвоздушна одбрана и седум чамци.
Војната меѓу Русија и Украина, што започна со рускиот напад на 24 февруари, предизвика меѓународна осуда, доведе до финансиски санкции против Москва и го поттикна егзодусот на светските компании од Русија.
Најмалку 1.982 цивили се убиени и 2.651 ранети во Украина од почетокот на војната, според проценките на Обединетите нации, а реалните бројки се многу повисоки. Повеќе од 4,8 милиони Украинци побегнаа во други земји, а повеќе од седум милиони се внатрешно раселени, соопшти Агенцијата за бегалци на ОН.