Hamdi Yıldız,Mustafa M. M. Haboush
30 Јануари 2023•Ажурирај: 31 Јануари 2023
КУДС (АА) - Израелската полиција приведе 9 Палестинци во подрачјата на Бејт Ханина и Силван кои се наоѓаат во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку писмено соопштение ја потврди Здружението на палестински затвореници.
Во соопштението се наведува дека 8 Палестинци биле приведени во Бејт Ханина од страна на израелските полицајци.
Според очевидците, израелските полицајци привеле и 16-годишен Палестинец во подрачјето на Силван, кое се наоѓа во близина на Месџид ал-Акса.
Очевидците пренесоа дека дошло до судир меѓу младите Палестинци и израелските сили во подрачјето на Џебел Мукебир во јужниот дел на Кудс.
Израелските сили употребиле солзавец врз Палестинците, додека со огнено оружје пукале во воздух.