Mesut Zeyrek
30 Јануари 2023•Ажурирај: 31 Јануари 2023
КЕЛН (АА) - Муслиманско семејство во местото Мерзебург во близина на германскиот град Хале е изложено на расистички напад на улица од страна на група од 7 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на телевизискиот канал МДР што се заснова на изјава на полициски извори, напаѓачите кои се навивачи на фудбалскиот клуб Хале, на 28 јануари околу 18:25 часот првин упатиле расистички навреди кон муслиманското семејство, а потоа физички ги нападнале.
Се вели дека луѓето кои се наоѓале во околината, интервенирале врз групата напаѓачи кои биле составени од мажи на возраст од 19 до 33 години, додека четворица од напаѓачите биле неутрализирани со солзавец од страна на луѓето во околината.
Дел од напаѓачите кои се здобиле со лесни повреди како резултат на интервенцијата на луѓето, биле однесени на лекување.
Очевидците го спасиле муслиманското семејство кое било изложено на напад.
Полицијата соопшти дека се откриени идентитетите на напаѓачите и дека е започната истрага во врска со случајот.