Ahmet Furkan Mercan
30 Јануари 2023•Ажурирај: 31 Јануари 2023
ТОКИО (АА) - Кинеските бродови ги нарушија националните територијални води на Јапонија во околината на спорните острови Сенкаку во Источнокинеското Море, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Штабот на крајбрежната стража во Наха, јапонската префектура Окинава, четири безбедносни бродови на Кина ги нарушиле територијалните води на Јапонија.
Кинеските бродови влегле во јапонските територијални води и се приближиле до јапонски рибарски бродови во близина на островите Минамикоџима и Утсури кои се наоѓаат во рамки на спорните острови Сенкаку.
По овој случај, силите на Крајбрежната безбедносна служба на Јапонија се упатиле кон местото, и упатиле предупредување до кинеските бродови да ја напуштат зоната.
Кинеските бродови и на 10 јануари ги нарушија територијалните води на Јапонија.
- Спорните острови -
Во Источнокинеското Море, архипелагот наречен Сенкаку од Јапонија и Дијаоју од Кина, се состои од пет острови и три гребени.
Ненаселените острови, кои се во сопственост на Јапонија, долго време се извор на спор помеѓу Кина и Јапонија околу нивниот суверенитет.