Enes Canlı
25 Април 2023•Ажурирај: 26 Април 2023
КУДС (АА) - Израелската полиција ја приведе 24-годишната турска државјанка Озѓеџан Мутлу која се наоѓала во комплексот на Месџид Ал Акса за време на упадот на радикалните еврејски доселеници, јавува Анадолу.
Радикалните еврејски доселеници утрово во придружба на израелската полиција упаднаа во комплексот на џамијата „Ал Акса“ во окупираниот Источен Кудс (Источен Ерусалим).
Израелската полиција по групи ги прими еврејските доселеници во „Ал Акса“.
Според очевидците, Озѓеџан Мутлу читала делови од Куранот во „Ал Акса“ за време на упадот на еврејските доселеници.
Израелскиот полицаец ја зел чантата на турската државјанка со цел да ја отстрани од местото.
Потоа полицајците се обиделе да ја извлечат Мутлу оттаму. Мутлу извесно време трчала по својата чанта, додека при обид повторно да влезе во комплексот на џамијата била приведена од страна на израелските полицајци.
Кабинетот на портпаролот на израелската полиција сѐ уште не даде одговор на прашањата на новинарот на АА во врска со настанот.