Gülşen Topçu
23 Октомври 2020•Ажурирај: 23 Октомври 2020
ГАЗА
Израелски авиони извршија воздушни напади на некои точки во Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На профилот на Твитер на израелската Армија се наведува дека воените авиони погодиле точки на Хамас во Газа.
Во нападот, за кој се тврди дека е извршен како одговор на ракетите истрелани од Газа кон израелската територија, погодени се еден тунел кој припаѓа на Хамас и работилница за производство на оружје.
Од друга страна, локални извори информираа дека израелски воени авиони ги нападнале позициите на военото крило на Хамас, бригадите „Изедин ал Касам“ и земјоделски површини.
Израелската Армија синоќа соопшти дека од Газа кон Израел истрелани се две ракети и дека една од тие ракети била уништена од системот за противвоздушна одбрана.