Mustafa Deveci
26 Октомври 2021•Ажурирај: 27 Октомври 2021
ЕРУСАЛИМ (АА) - Калифа Хафтар, водачот на нелегитимните сили на истокот на земјата, и Сејфулислам Гадафи, синот на соборениот лидер Моамер Гадафи, кои се меѓу кандидатите за премиер на изборите што ќе се одржат во Либија на 24 декември, за изборната кампања се договориле со израелска компанија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Весникот „Израел Хајом“ наведува дека Хафтар и Гадафи потпишале договор со неименувана израелска консултантска компанија за изборната кампања.
Исто така, се додава дека компанијата за која станува збор отворила нова компанија во Обединетите Арапски Емирати и дека синот на Хафтар најпрво потпишал договор со оваа компанија.
Меѓу другото, во веста пишува дека Сејфулислам Гадафи контактирал со израелската компанија преку манекенка која живее во Дубаи.
Се нагласува дека договорите потпишани со Хафтар и Гадафи се во вредност од десетици милиони долари.