Hamdi Yıldız
29 Октомври 2020•Ажурирај: 02 Ноември 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот централен суд во Ерусалим (Кудс) изрече затворска казна од 3 години за 13-годишно палестинско момче, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според информацијата споделена на Фејсбук-страницата на Палестинскиот информативен центар „Вади Хилва“, 13-годишниот Палестинец Ешреф Хасан доби затворска казна од 3 години од страна на израелскиот суд со тврдење дека минатата година извршил обид за напад со нож.
Судот го обвини 13-годишниот Хасан за обид за напад со нож врз израелски војник во септември 2019 година.
Ешреф Хасан, кој веќе една година помина во затвор, за издржувањето на тригодишната затворска казна ќе лежи во затвор уште 2 години.
Од друга страна, се вели дека таткото на Хасан починал кога тој бил на 7-годишна возраст.
Според податоците пренесени од израелската затворска управа од страна на Светското движење за заштита на децата, заклучно со минатиот август, во затворите во земјата се наоѓаат 153 деца.