Ruslan Rehimov
29 Октомври 2020•Ажурирај: 30 Октомври 2020
БАКУ
Во артилериските и ракетните напади што Ерменија ги изврши досега во населените места во Азербејџан, загинаа 90, а повредени се 392 цивили, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Главното обвинителство на Азербејџан ги соопшти бројките во врска со загинатите лица како резултат на нападите на Ерменија извршени од 27 септември до 29 октомври.
Според соопштението, во овој период животот го загубиле 90 азербејџански цивили, додека 392 цивили се повредени.
Исто така во соопштението се наведува дека во ерменските напади на територијата на Азербејџан уништени се 2.406 куќи, 92 станови и 423 јавни објекти.