Mustafa Deveci
04 Декември 2020•Ажурирај: 05 Декември 2020
ЕРУСАЛИМ (АА) - Министерот за одбрана на Израел, Бени Ганц, ги покани Палестинците на преговарачка маса, нагласувајќи дека ќе ѝ помагаат на Палестина во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Ганц преку видеопорака објавена со превод на арапски јазик, го поздрави тоа што Палестина повторно ги воспоставува односите со Израел.
Тој во пораката се осврна на договорите кои Израел ги потпиша со Обединетите Арапски Емирати и Бахреин за нормализирање на односите.
„Средниот Исток се менува. Интеграцијата, враќањето на преговарачката маса и создавањето надеж за иднината на следните генерации е во ваша корист“, рече Ганц.
Израелскиот министер нагласи дека им дал инструкции на израелските одбранбени институции во соработка со другите министерства да овозможат потребна помош со цел поддржување на Палестина во борбата против Ковид-19, и дека Израел ќе работи во координација со цел на Палестинците да им се овозможи пристап до вакцината.
Инаку, администрацијата на Палестина на 17 ноември соопшти дека повторно ќе ја започнат безбедносната соработка со Израел.