Cüneyt Karadağ
04 Декември 2020•Ажурирај: 05 Декември 2020
БЕРЛИН (АА) - Министерот за надворешни работи на Германија, Хеико Мас, истакна дека Европа и Соединетите Американски Држави (САД) од стратешки аспект повторно треба потесно да соработуваат, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Mас во изјава за магазинот „Дер Шпигел“ (Der Spiegel) укажа на новата администрација која ќе дојде на власт во САД.
„Враќањето на САД на меѓународната сцена ќе промени многу нешта бидејќи заедно го поддржуваме пристапот за соработка“, рече Maс.
Според него, Европа и САД од стратешки аспект повторно треба потесно да соработуваат.
„На пример како што е во Либија или Сирија, не треба да оставиме вакуум кој ќе биде полнет од страна на Русија или Турција. На автократските играчи веќе треба да им нудиме терен. Ние, Европејците, заедно со САД сме подготвени да направиме сѐ што ни припаѓа, со цел гарантирање на мирот, демократијата и човековите права“, рече тој.
Што се однесува до НАТО, Maс нагласи дека Европа развила нови способности и дека сакаат да го зајакнуваат делот на НАТО во Европа.
Германскиот министер истакна дека Европа во НАТО ја презела одговорноста за безбедносната политика во различни места во светот, како Блискиот Исток, Медитеранот и Сахеловиот Појас.
„Покрај нашите безбедносни интереси, за балансирано партнерство со САД треба да продолжиме да се движиме по овој пат. Нашите регионални политички интереси заедно со САД треба отворено да ги дефинираме. Како заедно можеме да се движиме против Кина или Иран? Како можеме да ги исполниме нашите одговорности во Авганистан или Ирак? Да се надеваме дека ќе се вратат старите денови, тоа ќе биде заблуда. САД нема да се вратат во улогата на светска полиција“, нагласи тој.
Maс се осврна и на одлуката за повлекување на американските војници од Авганистан, и додаде: „Ако САД еднострано ги повлечат ваквите основни трупи, тогаш безбедноста на сите останати војници таму ќе се стави во опасност. Ако не се гарантира безбедноста, таму нема да оставиме ниту еден германски војник.“