Fuat Kabakcı
04 Декември 2020•Ажурирај: 04 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) ставија четири кинески компании на црната листа, меѓу кои компании за чипови и нафтена компанија, со образложение дека се поврзани со кинеската Армија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Министерството за одбрана на САД (Пентагон), на црната листа се ставени кинеските компании: Меѓународна корпорација за производство на полупроводници (SMIC), Кинеската национална нафтена корпорација (CNOOC), Кинеската меѓународна инженерска консултантска компанија и Кинеската градежно-технолошка компанија.
Овој чекор е преземен под образложение дека кинеските компании се дел од напорите на администрацијата на Пекинг за модернизација на Народноослободителната армија на Кина.
Чекорот на САД за ставање на црната листа значи подготовка на правниот терен за воведување санкции кон овие компании.
Бројот на компании кои се наоѓаат на црната листа на САД се зголеми на 35.
- Кинеската Влада со реакција на одлуката на САД за кинеските компании -
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Хуа Чунјинг, на прес-конференцијата во главниот град Пекинг, истакна дека чекорите преземени од САД против кинеските компании се „чин на конкретен политички притисок“.
Хуа, исто така, наведе дека Кина ќе ги преземе сите неопходни чекори за да ги заштити своите права и интереси.