Esat Fırat
03 Јули 2019•Ажурирај: 04 Јули 2019
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелскиот министер за земјоделство, Ури Ариел, денес предводеше десетици радикални Евреи, кои влегоа во комлексот на „Ал Акса“ во окупираниот Источен Ерусалим (Кудс), јавува Anadolu Agency (AA).
Управата на исламскиот вакуф во Ерусалим соопшти дека министерот Ариел и радикалните Евреи во комплексот на „Ал Акса“ утринава влегле во придружба на голем број вооружени израелски полицајци.
Во соопштението се наведува дека радикалните Евреи и полицајци во групи престојувале во дворот на комплексот, по што го напуштиле.
Влезот на радикалните Евреи и полицијата во „Ал Акса“ често доведува до зголемување на тензиите на тоа подрачје, како и до судири на Палестинците и израелската полиција.
Израелскиот министер од редот на ционистичката партија „Еврејски дом“ често, во придружба на полицијата, влегува во комплексот на „Ал Акса“, а последен пат го стори тоа на 22 април оваа година.