Mehmet Nuri Uçar,Hafal Dekmak
27 Октомври 2023•Ажурирај: 27 Октомври 2023
ГАЗА (АА) - Интензивните напади на израелската војска врз Појасот Газа продолжуваат 21 ден, јавува Анадолу.
Според вестите на државната палестинска новинска агенција ВАФА, има загинати и ранети во воздушниот напад врз џамијата „Ал-Абјад“ во бегалскиот камп Шати во западниот дел на Појасот Газа.
Џамијата „Ал-Абјад“, која е гаѓана со неколку проектили, е уништена.
Израелски воени авиони, исто така, гаѓаа домови на цивили во Хан Јунис, во бегалскиот камп Ал Шати и во различни делови од градот.
Израел ја бомбардира Газа по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври и ја стави цела енклава под блокада, оставајќи ги нејзините 2,3 милиони жители со малку храна, вода, гориво и медицински материјали.
Палестинското Министерство за здравство објави дека во израелските напади врз Газа загинале 7.028 луѓе, од кои 2.913 деца, 1.709 жени и 397 постари лица. Повредени се 18.484 лица.