Can Erözden
05 Октомври 2016•Ажурирај: 05 Октомври 2016
АНКАРА (АА) - Полицијата притвори 55 осомничени лица поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, во рации спроведени во 31 покраина во Турција, вклучувајќи ги Анкара, Истанбул и Измир, изјави полициски извор денес, јавува Anadolu Agency (AA).
Изворот кој зборуваше под услов на анонимност, изјави дека меѓу приведените се наоѓале и високи лица на ФЕТО кои работеле во Турската меѓународна разузнавачка служба и во армијата.
Имињата на притворените високи лица биле дадени од страна на уапсените 135 пилоти, кои беа уапсени во воздухопловната база Акинџи по обидот за државен удар на 15 јули, вели изворот.
Пучистите ја користеа базата Акинџи како една од нивните бази за време на обидот за државен удар. Неколкуте авиони што полетаа од базата бомбардираа неколку цели во главниот град, вклучувајќи го и Парламентот. Високи армиски претставници во Турската армија беа исто така земени во заложништво во базата.
Се вели дека приведените 55 лица, кои беа пратени во Анкара по завршувањето на процесот, се наоѓаат на листата меѓу 101 осомничено лице за кои е продолжена потрагата.
Турската Влада ја смета терористичката организација ФЕТО за одговорна за обидот за државен удар во кој загинаа 241 лице.
Ѓулен се обвинува за водење долготрајна кампања со цел да ја собори турската власт преку инфилтрирање во државните институции, особено во армијата, полицијата и во судството, формирајќи таканаречена паралелна структура.