Hamdi Yıldız
13 Април 2022•Ажурирај: 13 Април 2022
РАМАЛА (АА) - Еден Палестинец е повреден во инцидентите што настанаа за време на интервенцијата на израелските војници во окупираниот регион на Западниот Брег, Палестина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на ВАФА (WAFA), официјалната палестинска новинска агенција, за време на инцидентите меѓу израелските сили стационирани на контролен пункт во градот Хеброн и Палестинците, израелските војници, качувајќи се на покривот на околните продавници, отвориле оган врз толпата со гумени куршуми, а исто така, употребиле и солзавец.
Како резултат на отворениот оган од страна на израелските војници, повреден е млад Палестинец.
Палестинската младина во областа Сенџел, северно од Рамала, се обиде да ги спречи израелските војници да направат рација во подрачјето. Израелските војници употребија солзавец и звучни бомби во инцидентите.
Во веста се нагласува дека израелските војници упаднале во палестинска куќа во градот и ги конфискувале записите од камерите во куќата.
Организацијата на палестинската Црвена полумесечина во вчерашното соопштение наведе дека на 51 Палестинец им била укажана прва помош во инцидентите меѓу израелските војници и палестинските демонстранти на Универзитетот „Хадури“ на северот на Западниот Брег.
Според палестинската Црвена полумесечина, двајца од демонстрантите биле застрелани со вистински куршуми.
Од почетокот на Рамазан на палестинските територии ескалираа конфиктите меѓу израелските сили и Палестинците.