Handan Kazancı
13 Април 2022•Ажурирај: 13 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател рано денеска предложи размена на блискиот пријател на Владимир Путин, Виктор Медведчук, за заробените Украинци, известува Агенција Анадолија (АА).
„На Руската Федерација ѝ нудам да направи размена на вашиот човек со нашите момчиња и девојки кои сега се во руско заробеништво“, вели Владимир Зеленски во видео споделено на социјалната мрежа „Телеграм“.
„Јас мислам дека е особено цинично од негова страна да користи воена камуфлажа. Се обиде така да се маскира. Каков ’војник‘. Каков ’патриот‘“, рече тој.
„Ако Медведчук избрал воена униформа за себе, тој потпаѓа под правилата на војната“, додаде Зеленски.
Во вторникот Зеленски објави дека Украина во специјална операција го фатила пребеганиот олигарх.
Споделувајќи фотографија од Медведчук како седи на стол со рацете со лисици, Зеленски на својот на Телеграм напиша: „Специјалната операција беше извршена благодарение на СБУ [Безбедносната служба во Украина]. Браво.“
Објавено е дека тој избегал од домашен притвор веднаш по почетокот на руската војна во Украина на 24 февруари.
Најмалку 1.892 цивили загинаа и 2.558 други се повредени во Украина откако Русија ја започна војната, според пресметките на ОН, а се стравува дека вистинската бројка е многу поголема.
Повеќе од 4,6 милиони Украинци заминаа во другите земји, а милиони други се внатрешно раселени, според Агенцијата на ОН за бегалци.