Emre Aytekin
21 Јуни 2018•Ажурирај: 21 Јуни 2018
АЛЖИР (АА) - Властите во Алжир донесоа одлука за привремено оневозможување за користење интернет за да се спречи препишување за време на полагањето на екстерни матури во средните училишта, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерката за образование, Нурија Бенгабрит, за локалните медиуми изјави дека од 20 до 25 јуни на еден час, односно во периодот на полагање на испитот, ќе биде оневозможено користење на мобилниот и кабловски интернет во земјата.
Министерката истакна дека мерката е воведена за да се спречи мамење на испитите, што беше посебно изразено во 2016 година, јавува BBC (Би-би-си).
Бенгабрит соопшти дека ќе биде оневозможен пристапот и до социјалната мрежа „Facebook“ (Фејсбук).
Екстерна матура би требало да полагаат повеќе од 700.000 средношколци.