Abdel Ra'ouf Daoud Abdel Ra'uof Arnaout,Afra Aksoy
01 Мај 2018•Ажурирај: 01 Мај 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските војници во окупираниот Западен Брег приведоа 10 Палестинци, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Израелската војска се наведува дека вчера во текот на ноќта, на Западниот Брег се извршени операции во кои се приведени 10 Палестинци под изговор дека учествувале во „терористички активности“.
Според веста на официјалната новинска агенција на Палестина, ВАФА (WAFA), израелската војска ги приведе поранешните затвореници Халид ез-Затери и Иса Ибрахим од Западен Брег и Мухамед Ата Камил Алјан од Ерусалим.
Израелските сили често вршат рации во куќите на Западниот Брег и во Источен Ерусалим (Кудс), и под различни обвиненија приведуваат Палестинци.
Според официјалните податоци на Палестина, во израелските затвори се наоѓаат околу 7.000 Палестинци, од кои 62 жени, 450 административни затвореници, 12 пратеници и 300 деца.