Safvan Allahverdi
01 Мај 2018•Ажурирај: 02 Мај 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Американскиот државен секретар за одбрана, Џим Матис, изјави дека Соединетите Американски Држави (САД) нема да ги повлечат своите сили од Сирија додека не се постигне мир во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ние не сакаме едноставно да се повлечеме оттаму, пред дипломатите да постигнат мир, така, ја освојувате битката, а потоа го добивате мирот“, изјави Матис за новинарите во Пентагон.
Запрашан за тоа дали имало било каков напредок во формирање одреден вид копнена сила за Сирија која ќе обезбеди стабилност по повлекувањето на САД, тој истакна дека ќе се состане со Специјалниот пратеник на Обединетите нации (ОН) за Сирија, Стефан де Мистура, и со државниот секретар Мајк Помпео, и нагласи дека САД соработуваат со други земји во регионот во овој поглед.
Опишувајќи ја сириската криза како „најкомплексно безбедносно прашање“ во неговата четиридецениска државна служба, Матис рече дека се борат со ДЕАШ, а во истовреме се обидуваат да ги оживеат мировните преговори во Женева за ставање крај на граѓанската војна.
Како одговор на прашањето од АА за тоа дали САД и Турција имаат заеднички план за сирискиот град Мунбич, тој рече дека процесот е во тек.
„Овие преговори се во тек, додека работиме со нашиот сојузник во НАТО околу прашањето за кое имаме различно мислење“, рече Матис. „Тие сè уште се во тек. Јас сум постојано информиран за тоа како се одвиваат, но не сум подготвен да зборувам за тоа“.
По турската воена операција за расчистување на терористите од ПЈД/ ПКК во Африн, Анкара објави дека исто така би можела да ја продолжи својата операција на исток кон Мунбич, освен ако терористичката група ПЈД/ ПКК не го напушти стратешкиот град.
Сепак, американската воена поддршка за терористите на ПЈД/ПКК во Мунбич ги затегна односите помеѓу Анкара и Вашингтон и доведе до страв од воени судири меѓу двата сојузници на НАТО, бидејќи во градот има околу 2.000 американски војници.
САД ги поддржуваат ПЈД/ПКК под називот „Сириски демократски сили“ (SDF), кој e сириски огранок на терористичката организација ПКК, која води над 30-годишна оружена кампања против турската држава.
Американската поддршка за терористичката група одамна ја загрижува Анкара, бидејќи Вашингтон ги смета Сириските демократски сили за „сигурен партнер“ во борбата против ДЕАШ и продолжува да обезбедува оружје и опрема и покрај силните приговори од страна на Турција.