Sayed Khodaberdi Sadat
01 Мај 2018•Ажурирај: 01 Мај 2018
КАБУЛ (АА) - Еден војник на Соединетите Американски Држави (САД) го загуби својот живот во судир со терористите во источниот дел на Авганистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на американските трупи во Авганистан, американскиoт војник кој служел во рамките на НАТО, загинал како резултат на судир со терористите во источниот дел на земјата.
Во соопштението се вели дека во судирот е ранет еден американски војник, кој се наоѓа во добра здравствена состојба.
Во соопштението на Талибанското движење се тврди дека во судирот, кој се случи во авганистанската покраина Каписа, загинале двајца американски војници.