Said İbicioğlu
03 Август 2018•Ажурирај: 04 Август 2018
ГАЗА (АА) - Израелските војници ранија 220 лица, од кои 90 се ранети со вистински куршуми, за време на интервенцијата врз мировните демонстрации во рамките на „Маршот на големото враќање“ на границата на Појасот Газа, пренесува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на палестинското Министерство за здравство во Газа, Ешреф ел-Кудра, писмено соопшти дека израелските војници интервенираа врз мировните демонстрации кои се одржуваат на источната граница на Газа, при што се ранети 220 Палестинци, меѓу кои има и погодени од солзавец.
Кудра нагласи дека 90 лица вкупните повредените се ранети со вистински куршуми.
25-годишниот Палестинец, Јахја Јаги, денес беше застрелан на демоснтрациите на границата на Газа од страна на израелските војници.
Мировните демоснтрации во рамките на „Маршот на големото враќање“ се одржуваат од 30 март, во чии рамки се убиени 156 лица од страна на израелските војници.